Терзиќ: Нè очекува тежок старт со ПСЖ, ама многу е важно да се тргне со победа

Борусија Дортмунд ќе тргне веројатно од најтешкото гостување во групната фаза на Лигата на шампионите, на „Паркот на принцовите“ против ПСЖ. Пред натпреварот со парижани, на средбата со медиумите се обрати тренерот Един Терзиќ. 

Тој повика на претпазливост и призна дека очекува тешка битка против ПСЖ. 

„Знаеме дека е многу важно да се започне групна фаза со победа. Нè очекува тежок старт во Париз, но имаме квалитети и „оружја“ за да се бориме. ПСЖ игра доминантен фудбал, но ние секогаш се бориме за посед на топка. Мора да бидеме претпазливи во текот на сите 90 минути“, изјави Терзиќ.

Дуелот во Париз е на програмата во рамките на првиот натпреварувачки ден денес, во терминот од 21:00 часот.