Терзиќ: Не го разбирам лудилото на Савичевиќ, звездашите одбија да играат против непостоечка држава

Дејан Савичевиќ, првиот човек на Црногорската фудбалска федерација, јавно го обвини генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, за главен виновник за скандалот на натпреварот меѓу Црна Гора и Косово.

Поранешениот ас на „црвено-белите“ верува дека Терзиќ преку навивачите вршел притисок врз неколку репрезентативци на Црна Гора и селекторот Тумбаковиќ да не излезат на терен и да го бојкотираат тој натпревар. По обвинувањата на Савичевиќ, не чекавме долго за одговор до Терзиќ. 

„Секогаш се борам за политиката да не се меша во спортот. Тоа што двајцата фудбалери на Црвена Звезда одбија да играат против Косово е само нивна одлука, на никој друг. Тие ќе го дадат срцето на терен за својата селекција, но не против таканаречената држава Косово. Тие не сакаа да стојат пред знамето и химната на непостоечка држава. 

Савичевиќ беше свесен дека во своите редови има селектор и пет играчи од Србија. Да беше одговорен и мудар ќе ги собереше пред тој дуел и ќе ги прашаше дали имаат некакви проблеми. Навистина не можам да го разберам тоа лудило на Савичевиќ што ме споменува мене и навивачите на Црвена Звезда“, рече Терзиќ. 

Селекторот Тумбаковиќ експресно доби отказно решение, а дуелот во Подгорица заврши без победник 1-1. 

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 2 2 0 0 10:1 9 6
2 ЧешкаЧешка 3 2 0 1 5:6 -1 6
3 КосовоКосово 3 1 2 0 5:4 1 5
4 БугаријаБугарија 4 0 2 2 5:7 -2 2
5 Црна ГораЦрна Гора 4 0 2 2 3:10 -7 2