Терзиќ: Најважна ми е реакцијата што ја покажавме, сега сè е отворено

Борусија Дортмунд има на што да се надева во реваншот и покрај поразот од Атлетико Мадрид. „Жолто-црните“ беа поразени на „Метрополитано“ со 2-1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Един Тезиќ, тренерот на бундеслигашот, вели дека и покрај многу грешки е задоволен што неговите момци покажаа реакција во клучните моменти од натпреварот.

„Направивме премногу грешки, но поважна ми е реакцијата што ја покажавме. На крајот не би било незаслужено и реми. Сега со нетрпение го очекуваме она што доаѓа за шест дена. Сè останува отворено. Првите триесет минути во Мадрид не беа добри. На ова ниво често е веќе готово ако правите толку многу грешки. За среќа, тоа не се случи. Во вториот дел сепак успеавме да покажеме за што сме способни“, рече Терзиќ.

Борусија Дортмунд губеше со 2-0, беше во подредена позиција и можеше да прими уште еден гол, а потоа со голот на Але стигна до минимален пораз на тешкото гостување во Мадрид.

Состави

Диего Симеоне

3-5-2

    Нури Шахин

    4-2-3-1