• Мартин Танасковски
Црвена Звезда дојде во Македонија, одигра хуманитарен пријателски натпревар против Вардар за помош на семејствата зафатени од трагедијата во Кочани, а по мечот, делегација беше на посета кај легендарниот Дарко Панчев.
Панчев, кој од оправдани причини од семеен карактер не беше присутен на хуманитарниот натпревар, ги прими претставниците на белградскиот клуб во својот дом на чело со првиот човек Звездан Терзиќ.
Гостите од Белград разговараа со Дарко Панчев на повеќе фудбалски теми и евоцираа спомени од минатото со „Златната копачка“ и „Сребрена топка“ од Македонија - фудбалерот на векот Панчев.
ФОТО: ФК Црвена Звезда / Facebook