• Мартин Танасковски
Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, го потврди хуманитарниот натпревар меѓу „црвено-белите“ од Србија и Вардар од Скопје, преку кој ќе се обезбеди помош за семејствата на погодените од трагедијата во Кочани во која во пожар во ноќен клуб животот го загубија најмалку 59 лица.
„Сите во Црвена Звезда се длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да одиграме хуманитарен натпревар. Ова е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време. Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, изјави Терзиќ.
Пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 16 април. Терминот ќе биде потврден, но според најавите ќе биде под рефлектори.