Термини за ПМФЛ: Деветтото коло се отвора со меч точно напладне

По крајот на репрезентативната пауза во текот на следната седмица, веќе за викенд ќе се играат натпреварите од деветтата рунда на Првата македонска фудбалска лига. 

Ќе се игра клупски фудбал во три дена, со по два натпревара в сабота и недела, како и еден в понеделник. Колото се отвора в сабота точно напладне со мечот меѓу Тиквеш и Брегалница. 

  • Распоред на натпревари за деветтото коло на ПМФЛ:

Сабота (10 октомври)
12:00 - Тиквеш - Брегалница
13:00 - Арсими - Силекс

Недела (11 октомври)
13:00 - Шкендија Арачиново - Шкендија
15:00 - Скопје - Вардар

Понеделник (12 октомври)
15:00 - Башкими - Струга Трим Лум

Лидер во првенството по осум рунди е Шкендија од Тетово со 18 бода, еден помалку има Струга, а трет е Вардар со 14, па следуваат Тиквеш и Шкендија Арачиново со по 13.