Тери се предомисли и ја одложи пензијата за да му помогне на Лампард и Дерби!

Искусниот англиски дефанзивец Џон Тери пред неколку дена соопшти дека заминува од Астон Вила и дека нема да остане таму наредната сезона, а причина е договор со неговиот пријател од деновите во Челзи, Френк Лампард.

Тери во Астон Вила пристигна минатото лето, а по една сезона реши да менува. Од Англија велат дека дефанзивецот веќе има нов клуб, а тоа е Дерби Каунти, тим кој ќе го води неговиот некогашен соиграч Френк Лампард.

Лампард е пред својот прв тренерски предизвик и претходно разговарал со Тери, кој, пак, решил да прифати да му помогне и да направи трансфер во неговиот тим. Дерби наредната сезона ќе биде дел од Чемпионшип лигата.