Терехов: Фудбалот носи чуда, ние направивме едно против Шкендија!

Номе Каљу направи големо изненадување и ја исфрли Шкендија од Лигата на шампионите, а по натпреварот, пред медиумите зборуваше асистентот Сергеј Терехов, кој истакна дека е презадоволен од неговито тим и од чудото кое го направиле против фаворизираниот ривал.

„Фудбалот носи чуда, ние успеавме да ја оствариме нашата цел и да минеме во наредната рунда на Лигата на шампионите. Ова беше одличен натпревар за нас. Овој тим расте од меч во меч и среќни сме што дојдовме до победа. Нашите најдобри мечеви допрва доаѓаат. По мечот добивме аплауз од навивачите. Благодарни сме и голема почит за нив“, изјави Терехов.

Поради големата победа над Шкендија, Номе Каљу во наредната рунда на Лигата на шампионите ќе игра против шкотски Селтик.