• Горан Упале

И покрај огромните проблеми и повеќе од десет повредени фудбалери, екипата на Барсалона со победа се врати од гостувањето во Мајорка. Во последниот вчерашен натпревар во Примера, Каталонците славеа со минимални 0-1, а победата им ја донесе искусниот Лук Де Јонг, кој можеби го одигра последниот натпревар за тимот.
Но, најголема заслуга за триумфот на Барса има голманот Тер Штеген, кој исто како и Де Јонг е на удар на критичарите во текот на целата сезона. Во судиското надополнување германскиот голман оствари чудесна интервенција со едната рака и со феноменален рефлекс го сопре зицерот на Хауме Коста.
- Одбраната на Тер Штеген против Мајорка:
Германецот немаше работа речиси во текот на целиот натпревар, но остана концентриран до самиот крај и успеа да запише интервенција која што на тимот му донесе значајна победа.