Тер Штеген се соочи со дисциплинска постапка, Барселона има нов капитен!

Управата и стручниот штаб на Барселона решија да му ја одземат капитенската лента на германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген, јавија шпанските медиуми. 

Одлуката доаѓа откако Тер Штеген одбил да му даде дозвола на клубот да го поднесе неговиот медицински извештај до челниците на Примера, што довело до големо разочарување, особено кај тренерот Ханси Флик. 

Управата смета дека ваквото однесување на голманот не доликува на еден капитен на толку славен тим, а не е исклучена можноста и за дополнителни дисциплински мерки против него. Капитенската лента отсега натаму ќе ја носи дефанзивецот Роналд Араухо, а неговите заменици се очекува да бидат дополнително соопштени. 

Тер Штеген подолго време се мачеше со сериозна повреда и уште не може да се врати во посакуваната форма. Не е познато дали неговиот конфликт со управата ќе резултира само со одземање на капитенската лента, или можеби, пак, ќе доведе до негово целосно исфрлање од првиот тим. 

ФОТО/PHOTO: FC Barcelona