• Зоран Мишевски
Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген официјално се пресели во холандскиот гигант Ајакс, напуштајќи ја Барселона по повеќе од една деценија. Искусниот 34-годишен чувар на мрежата пристигнува во Амстердам како едногодишна позајмица од редовите на каталонскиот клуб.
Поради првичните тешкотии околу неговата висока плата од 15 милиони евра по сезона, двата клуба постигнаа компромис според кој Барселона ќе покрива значителен дел од неговите примања за време на престојот во Холандија. Тер Штеген го загуби стандардното место меѓу стативите во Барса по серијата проблеми со повреди, поради кои минатата сезона забележа многу малку настапи. Претходно во почетокот на 2026 година тој помина краток период и на позајмица во Џирона.
Холандскиот клуб продолжува со носење на звучни и искусни засилувања за новата сезона, а веднаш по Тер Штеген, во клубот пристигна уште еден негов поранешен соиграч од германската репрезентација - Јулијан Брандт.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





