Тер-Штеген: Не сум во судир со Нојер, јас сакам да бидам само број еден 

Германскиот голман Марк Андре Тер-Штеген истакна дека не е во судир со својот репрезентативен колега Мануел Нојер.

Пред еден месец членот на Барселона изјави дека е разочаран што не бранеше на натпреварите на Германија против Холандија и Република Ирска, а медиумите тоа го сфатија како еден вид на конфликт со својот повозрасен колега. 

„Ние се справуваме со работите професионално и се поддржуваме еден со друг на секој начин. Нема конфликт помеѓу Нојер и мене, оставете ги другите да зборуваат што сакаат. Јас само можам да ви потврдам дека целта ми е да бидам број еден“, рече Тер-Штеген.

Германија ја очекува пријателски натпревар против Аргентина, а потоа квалификациски дуел со Естонија