• Саше Љолес
Ламин Јамал е сигурно најголемото фудбалско откритие и полека се наметнува како иден лидер на Барселона и шпанската репрезентација.
16-годишното чудо од дете веќе е мета на големи европски гиганти, а медиумите на Апенините пишуваат дека Барса веќе одбила понуда вредна дури 250 милиони евра! Се претпоставува дека клубот кој ја испратил понудата е францускиот ПСЖ, но нема официјална потврда.
Јамал има договор со Барса до 2026 година, но и пред-договор за нова соработка до 2030 година, која треба да ја потпише кога ќе наполни 18 години. Младиот супер-талент одигра брилијантен меч во полуфиналето против Франција и повторно се очекува да биде стартер во големото финале на Европското првенство.
Шпанија ги мина „триколорите“ со конечни 2-1 и го очекува победникот од второто полуфинале помеѓу Холандија и Англија.