• Редакција Gol.mk
Тежок инцидент се случи на трибините на „Маракана“ во Рио пред самиот почеток на натпреварот од јужноамериканските квалификации меѓу Бразил и Аргентина. Имено, откако Бразилците ја исвиркаа аргентинската химна, настана хаос на трибините, каде несфатливо е како едни до други седеа фановите на двете селекции.
Incidentes en la previa del clásico sudamericano. Momentos antes del inicio del partido hay disturbios en la tribuna y los jugadores de ambas selecciones intentan calmar los ánimos. Se demora el arranque de Brasil vs Argentina por las #Eliminatorias. pic.twitter.com/V8kSg4iYNj
— Televisión Pública (@TV_Publica) November 22, 2023
Аргентинците реагираа и иницираа инцидент, кој дојде по интервенцијата на полицијата и обезбедување. Полицајлците удираа по непослушните аргентински навивачи, а фудбалерите дојдоа пред трибината да ги смируваат страстите.
Откако забележаа дека инцидентите не запираат, водени од капитенот Меси, „гаучосите“ се повлекоа во соблекувалната. Неизвесно е дали и кога натпреварот ќе започне.