ВИДЕО: Теорија на заговор - „доказ“ дека топката не ја мина гол-линијата при вториот гол на Роналдо

Роналдо Атлетико Мадрид

Херојската претстава на Кристијано Роналдо против Атлетико Мадрид уште долго ќе се раскажува меѓу фудбалските фанови.

Најдобриот фудбалер на италијанскиот шампион постигна три гола и му пресуди на тимот на Диего Симеоне. Два од нив постигна со глава, а последниот од белата точка, по фаулот на Анхел Кореа врз Федерико Бернардески во завршницата од мечот.

Погодокот за 2-0 на стартот од второто полувреме беше признат со помош на гол-технологијата. Истата се базира на чипот во топката, седумте камери поставени на секој гол и алармот на часовникот на судијата во случај топката да ја помине линијата.

На социјалните мрежи се појави видео кое нуди „доказ“ дека топката при втората реализација на Португалецот не ја мина гол-линијата со целиот свој обем. 

Погледнете го видеото:

Проблемот кој е наведен во видеото е големината на линијата и топката која технологијата ги користи за да пресуди дали бил постигнат гол или не.