Тензија во ЛШ: Член на Бодо Глимт нападнат од играч на белскискиот Унион!

Натпреварот меѓу Бодо Глимт и Унион Сент Жилоа во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите заврши со драматичен пласман на Норвежаните, но и со непријатни сцени по последниот свиреж.

Бодо/Глимт славеше со 3-2 по продолженијата и со вкупни 6-5 обезбеди место во плеј-офот. Сепак, по натпреварот дошло до тензии на теренот и во тунелот кон соблекувалните.

Според норвешките медиуми, еден фудбалер на Унион наводно удрил во лице член на административниот персонал на Бодо. Наводно, вработениот не претрпел повреди.

Од домашниот клуб не сакаат да го потврдат, но ниту да го демантираат случајот.

„Нема да го коментираме тоа“, изјавил портпаролот на Бодо/Глимт, Симeн Педерсен. На прашањето дали клубот го пријавил инцидентот до УЕФА, тој додал дека делегатот на европската централа бил во непосредна близина и најверојатно го видел случувањето.

Тензиите, според очевидци, започнале уште додека играчите се упатувале кон соблекувалните. Наводно, еден од гостинските фудбалери реагирал на гестикулации од навивач на Бодо Глимт, по што обезбедувањето спречило тој да се приближи до трибината. Потоа дошло до туркање кое продолжило и во тунелот.

Од Унион Сент Жилоа досега не го прокоментираа случајот, додека УЕФА потврдила дека ги разгледува официјалните извештаи од натпреварите.

На теренот, Бодо Глимт го обезбеди пласманот со гол во самата завршница на продолженијата. Унион ќе продолжи во Лигата на Европа, додека норвешкиот тим во плеј-офот за Лигата на шампионите ќе игра против НЕЦ Најмеген.