ВИДЕО: Тензии на дербито меѓу Воска и Вардар – мешаница, туркање и судири во Охрид

Натпреварот од 12. коло во Втората македонска фудбалска лига - Запад, меѓу Воска Спорт и Вардар е директен судир за втората позиција на табелата. Охриѓани рано поведоа на дуелот кој се игра на стадионот „Билјанини Извори“. 

Во продолжението, тензијата беше на високо ниво. Играчите делуваа нервозно, има многу прекини и расправии. Во еден момент, по прекршок дојде и до мешаница. Енис Дервиши беше видно налутен, тргна во мешаницата и залетан се удри во Иван Николов од Вардар. Соиграчите беа посмирени, па ги разделија, а реагираше и главниот судија на натпреварот. 

  • Судирот на играчите во Охрид: 

За среќа беше избегнат посериозен инцидент, иако сите присутни си „поделија“ пцовки и беа во вербални расправии. Натпреварот во Охрид е од голема важност, па до некаде е разбирлива и тензијата на играчите и присутните.