Тензично во Струга: Васоски доби црвен, Вардар оштетен за пенал!?

Струга Трим Љум има предност против Вардар (2-0) во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но дуелот го одбележа спорна ситуација во првото полувреме, при минимална предност на домашните.

Имено, во еден момент од мечот, Цветаноски излезе сам пред Ѓуриќ и успеа да дојде во гол-шанса. Чуварот на мрежата на Струга направи прекршок во казнениот простор, но следеше одлука на арбитрите дека се работи за офсајд.

Наместо да се покаже на белата точка и Ѓуриќ да добие исклучување, од целата спорна ситуација профитираше домаќинот.

За одлуката на судиите на чело со Мавров имаше бурни реакции од тренерот Александар Васоски пред паузата, по што тој пред да замине во тунелот заработи црвен картон и сигурно го чека суспензија од дисциплинската комисија на ФФМ.

Тимот во наредниот дел од мечот го водеше Раденко Бојовиќ.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11