Тен Хаг искрен: Ни требаат подобри играчи

Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед, ги коментираше очекувањата за следната сезона, откако со „црвените ѓаволи“ обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Во својата прва сезона на чело на Манчестер Јунајтед, холандскиот стратег на тимот од „Олд Трафорд“ му обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Премиер лигата, а со тоа и враќање во европската фудбалска елита.

Сепак, и покрај тоа што според него оваа сезона може да се смета за успешна, смета дека летово ќе мора да бидат активни на трансфер пазарот за да можат да се натпреваруваат со градскиот ривал Манчестер Сити и другите клубови кои се во борба за титулата во Премиер лигата.

„Оваа сезона е добра основа за поставување стандарди, но нашите барања и цели мора да се издигнат. Ќе мораме многу да работиме со овој состав во текот на летото, но и да го засилиме во летниот преоден рок.

Сакаме да се бориме за титулата во Премиер лигата, но мора да бидеме реални. Во моментов сме многу далеку од врвните тимови, што значи дека ни претстои уште многу работа. Сепак, ни требаат подобри играчи ако сакаме да се бориме за највисоките цели“, додаде Тен Хег.

На списокот на потенцијални желби се и двајца англиски репрезентативци Деклан Рајс и незадоволниот играч за врска на Челзи - Мејсон Маунт. Се споменува и дека Јунајтед подготвува понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.