Тен Хаг тврди дека е зрел за најсилните европски лиги

Ајакс

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг најави дека е доволно зрел за да преземе екипа од најсилните лиги во Европа.

Неколку тимови се поврзуваа со неговото име во минатото. Последен е Манчестер Јунајтед, кој на крајот од сезоната ќе бара ново решение за тренерската позиција.

„Мислам дека сум подготвен за тоа. Би бил среќен да најдам нов предизвик, но не го бркам по секоја цена. Ако испадне дека нема да добијам шанса во некоја од посилните лиги, нема да мислам дека тренерската кариера ми пропаднала“, вели 51-годишникот.

Тен Хаг веќе четири години е во редовите на Ајакс. Досега освоил три титули во Ередивизие, а во негово време „копјаниците“ лансираа неколку звучни таленти.

Најголем успех на европската сцена му е полуфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.