ВИДЕО: Тен Хаг танцуваше со своите пулени по освоениот трофеј на „Вембли“!

Екипата на Манчестер Јунајтед по пауза од шест години конечно се радува на освоен трофеј. Во финалето на Карабао Купот на Англија „ѓаволите“ со сигурни 2-0 го совладаа составот на Њукасл и така ја освоија првата титулата во ерата на новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Холандскиот стратег беше презедоволен од одиграната партија на своите избраници и големата победа, а во екот на прославата им се придружи во танцот на своите пулени Лисандро Мартинез и Антони.

Тројцата се познаваат уште од поодамна затоа што пред да се преселат на „Олд Трафорд“, соработуваа заедно и во Ајакс. Творци на победата во финалето беа Касемиро и Маркус Рашфорд.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Еди Хоу

    4-3-3