• Горан Упале

Англиски „Гардијан“ неодамна објави дека Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона ќе се раздели со сегашниот тренер Ерик Тен Хаг. Останува Јунајтед да го одигра финалето од ФА Купот против Манчестер Сити, по што, без разлика на резултатот, холандскиот стручњак ќе остане без ангажман, додека великанот на „Олд Трафорд“ ќе тргне во потрага по ново решение.
Сепак, Тен Хаг на прес-конференцијата остави поинаков впечаток, а на конкретно прашање дали очекува да има разговор со раководството на клубот по завршувањето на сезоната, тој истакна дека тоа веќе се случило, и дека од недела заминува на одмор.
Дали ова значи дека ја добил поддршката од управата да го води Јунајтед и следната сезона?
„Нема потреба од тоа, ќе продолжиме следната сезона“, изјави Тен Хаг и изненади многумина.
Дали тоа ќе се покаже точно, останува да видиме, но без разлика што договорот на Тен Хаг истекува дури во летото 2025 година, целата фудбалска јавност очекува тој да го напушти Манчестер по натпреварот со Сити.