Тен Хаг: Роналдо е целосно посветен на овој проект и на тимот

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е целосно посветен на тимот, по првиот гол што го постигна оваа сезона, изјави неговиот тренер Ерик Тен Хаг.

Во четвртокот вечерта Јунајтед го совлада Шериф од Тираспол со 0-2, а Роналдо стрелаше во 39. минута од пенал.

„Тоа можеше да се очекува откако ги пропушти подготовките, поради што мораше да работи навистина напорно за да се врати во вистинската физичка форма. Кога ќе се врати во форма, головите сами ќе дојдат. Мислам дека тој е целосно посветен на овој проект и целосно е посветен на овој тим“, изјави Тен Хаг за британските медиуми.

Поради обврските на репрезентациите во Лигата на нации, како и одложените натпревари во Англија по смртта на кралицата Елизабета Втора, Јунајтед својот следен натпревар ќе го игра на втори октомври, против градскиот ривал Сити.

Состави

Stjepan Tomas

4-3-3

    Ерик тен Хаг

    4-2-3-1