Тен Хаг реализира лудо барање – ЅИД во тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, најде совршено решение за да го избегне дополнителниот притисок и побара од раководството да изгради ѕид во базата Карингтон за да тренира во мир.

Предметниот ѕид беше поставен пред две недели по барање на Тен Хег, со цел да се обезбеди приватност и заштита на тренерот и неговите играчи. Цената на ѕидот е околу 240.000 евра.

Раководството на Манчестер Јунајтед со тешко срце го исполнило барањето затоа што во моментов е принуден да ги намали трошоците, што доведе до отпуштање на дури 250 вработени во последните недели.