Тен Хаг: Покажавме карактер, една одлука скапо нè чинеше

Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед, не беше задоволен по поразот на неговиот тим од Фулам (1-2). „Црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ ја прекинаа серијата од четири последователни победи во Премиер лигата и уште поважно се оддалечија од местата кои водат на меѓународна сцена.

До самиот крај Јунајтед имаше бод во џебот, но прими несреќен гол длабоко во продолжението. Алекс Ивоби го искористи празниот простор на половината на домаќините и во 97. минута ги постави конечните 2-1.

„Наивно примивме гол. Тоа беше корнер за Фулам, ги имавме под притисок. Сепак, еден играч беше на погрешна позиција. Моравме подобро да се справиме со тоа и да се погрижиме сите да бидат на вистинското место. Им дозволивме да се извлечат, тоа можеше да се избегне.

Тимот покажа карактер за да возврати, заслуживме нерешено и потоа отидовме на победа, покажавме личност и карактер. Потоа дојде таа грешка на крајот. Требаше да ги искористиме шансите пред тој гол за 0-1“, рече Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед остана на шестата позиција на табелата со три бода помалку од Тотенхем, кој има и натпревар помалку.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Марко Силва

    4-2-3-1