• Саше Љолес
Ерик Тен Хаг беше задоволен после триумфот на неговиот тим над Барнли во Премиер лигата. „Ѓаволите“ славеа со минимални 0-1, а холандскиот стратег рече дека оваа победа била задолжителна.
„Многу важна победа, сите го разбираме тоа. Бевме малку „разнишани“ периодов, но мислам дека сме на добар пат. Момчињата одговорија позитивно на сите критики и успеаја да извојуваат победа на тешкото гостување. Бруно постигна прекрасен гол, акцијата што претходеше исто така беше одлична. Ме радува пристапот и мотивираноста кај играчите.
Кога си фудбалер на Манчестер Јунајтед, мора да одиш на победа на секој натпревар. Се надевам дека тоа ќе биде така во иднина и уште повеќе ќе ја подобриме нашата игра. Ако не играш добро, секогаш ќе бидеш изложен на критики, особено кога се работи за големите клубови од кои секогаш се очекуваат успеси.
Имавме многу тешки противници на последните мечеви и не ги забележавме посакуваните резултати, но мислам дека овој меч со Барнли може да биде голема пресвртница цо сезоната“, изјави Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед загуби со 4-3 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но успеа да возврати со триумфот на „Тарф Мур“ кај Барнли. „Ѓаволите“ сега се на осмата позиција во Премиер лигата и имаат девет бода на своето салдо. Шанса за нови бодови ќе имаат на следниот меч, кога на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат незгодниот Кристал Палас.