Тен Хаг: Ми кажаа дека преговарале со Тухел, но заклучиле дека јас сум најдобриот тренер!

Долго време се шпекулираше дека Ерик Тен Хаг ќе го напушти Манчестер Јунајтед, но тоа нема да се случи, барем не ова лето. Челните лица на „ѓаволите“ решија да му дадат уште една шанса на холандскиот стратег, откако пропаднаа сите преговори со други тренери.

Дека се преговарало потврди и самиот Тен Хаг, кој призна дека клубот и Томас Тухел биле во контакт, но...

„Од клубот ми кажаа дека имало преговори со Томас Тухел. Исто така зборувале и со неколку други кандидати.

Но, потоа признаa дека дошле до заклучок дека веќе го имаат најдобриот тренер за тимот. Ова ми го соопштија на Ибица, ми го „нарушија“ одморот“, низ смеа рече Холанѓанецот. 

Тен Хаг не само што ќе остане на клупата на Јунајтед, туку веќе е во преговори за продолжување на договорот. Под негово водство Манчестер Јунајтед има два трофеи – во Карабао Купот и ФА Купот.