• Горан Упале
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, смета дека неговиот тим добро го започнал дербито против Ливерпул и добро ќе ја заврши сезоната.
Со убедлив пораз 0-3 на домашниот тим на „Олд Трафорд“ заврши големото дерби од третото коло на Премиер лигата.
„Сè е прилично едноставно. Бевме во игра, беше израмнето по половина час, потоа направивме две големи грешки и Ливерпул ги искористи. Во тие ситуации се исклучително клинички прецизни и строго ги казнуваат сите. После тоа се обидовме да се вратиме и да стигнеме до 1-2, но не успеавме.
Во одредени моменти повеќе се отворивме и ризикувавме, но не сакам да зборувам за тие работи. Мора да бидеме скромни и да го прифатиме овој резултат. Но, има уште многу натпревари и знам каде ќе бидеме на крајот од сезоната. Се стремиме да ги освоиме трофеите. Во претходните две сезони освоивме два Купа. Ливерпул веројатно е малку понапред во одредени работи во моментов, но ние ќе го надоместиме тоа и ќе се вратиме“, изјави Ерик Тен Хаг.
По три кола Манчестер Јунајтед има два порази и само три освоени бода. Во следното коло гостува кај екипата на Саутемптон.