• Сашо Поповски
Манчестер Јунајтед во последен момент се обидел да го „украде“ Тимо Вернер, кој го напушти Челзи и се врати на познат терен во РБ Лајпциг.
Германскиот напаѓач беше опција за Ерик тен Хаг, кој очајно посакува да го засили нападот. Новиот тренер на „црвените ѓаволи“ не е задоволен од оружјата кои ги поседува и прави обиди да се засили до крајот на летниот трансфер период.
Уште едно име се поврзува со тимот од „Олд Трафорд“. Тоа е поранешниот играч на холандскиот стратег од деновите во Ајакс, Хаким Зијеч. И тој не добива честа минутажа од Тоомас Тухел, па би можел да направи нов чекор во својата кариера.
Кристијано Роналдо не го убедува Тен Хаг и моментално не е негов прв избор за постигнување на голови за Јунајтед.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.