„Тен Хаг е очаен, не успеа да наметне свој стил како Постекоглу во Тотенхем“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изнесе низа критики за неговиот поранешен клуб и за тренерот Ерик Тен Хаг, за кого рече дека не успеал да наметне свој стил на игра и е разочаран од неговите резултати. 

Сколс го спореди холандскиот стратег со Анге Постекоглу од Тотенхем и рече дека вториот успеал комплетно да креира свој препознатлив стил, за разлика од Тен Хаг. 

„Имавме многу прилики за да сфатиме дека Тен Хаг е во очајна состојба и не успеа во својата намера. Тој се обиде да ја пренесе философијата на Ајакс, но без особени резултати. Јунајтед игра бледо и непрепознатливо, тоа е очигледно на секој меч. Одбраната е порозна и е слаба. Треба да се променат многу нешта во тимот. 

Тимот нема идентитет и не можете да претпоставите како ќе игра. Секој меч е различен и на секогаш гледаме нови „дупки“ во играта. За споредба, погледнете го Постекоглу во Тотенхем. Можеби не станаа шампиони, но имаат сосема препознатлив стил и секогаш знаеме каков фудбал ќе прикажат на теренот“, рече Сколс. 

Притисокот врз Ерик Тен Хаг се зголемува со секој изминат ден, па се очекува некаква реакција на управата во следниот период, особено ако лошите резултати продолжат. Јунајтед загуби убедливо од Тотенхем на својот „Олд Трафорд“ со резултат 0-3. 

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Анге Постекоглу

    4-3-3