„Тен Хаг е комплетен идиот, сега вели дека е Хари Потер“

Пирс Морган повторно јавно го критикува Манчестер Јунајтед. Овој пат негова мета е менаџерот на „ѓаволите“ Ерик тен Хаг.

Поранешниот новинар го нарече Ерик Тен Хаг „комплетен идиот“.

„Некои луѓе мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно, откако се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е срање. Во моментов нема подобар стрелец на светот од Кристијано Роналдо. Синоќа ја погоди стативата и постигна гол. Тен Хег е целосен идиот!

Ерик зборува глупости. Сега тој зборува дека е Хари Потер. Тен Хаг е баш она што Роналдо ми кажа за него во интервјуто. Тој е како млад учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со учениците кои се паметни. Погледнете ги само талентите со кои не може да се справи – Роналдо, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд... Тој знае само да донесе играчи од Ајакс. Не ми се верува дека го кажувам ова, но Јунајтед е уште полош од минатата сезона“, рече Морган.

Манчестер Јунајтед и оваа сезона не стартуваше според очекувањата и по три кола и два порази во Премиер лигата.