• Мартин Танасковски
Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг е под голем притисок во Манчестер Јунајтед. Како што најавуваат од Англија, тој веќе добил ултиматум и мора да исполни два услови за да го сочува работното место во англискиот великан.
По неуспехот против Тотенхем, фудбалерите на Јунајтед паднаа на дванаесеттото место на табелата со само 12 бода, што доведе до големо разочарување во клубот, а навивачите жестоко го бараат заминувањето на 54-годишниот Холанѓанец.
Според последните информации, Тен Хаг веќе добил ултиматум, а доколку сака да ја задржи работата, мора да победи во следните два натпревари. Но, она што уште повеќе ги нервира навивачите е фактот дека ова се ривали кои Јунајтед дефинитивно може да ги победи. Сепак, во случај Јунајтед да не победи против Порто или Астон Вила, Јунајтед ќе го отпушти Тен Хег, а тој ќе добие дури 23 милиони евра обештетување.
Договорот на Холанѓанецот истекува во летото 2026 година, затоа клаузулата при евентуален отказ сега е зголемена за разлика од претходно.