Тен Хаг: Баерн? Барселона? Не, благодарам - среќен сум во Ајакс

Тен Хаг

Успехот со Ајакс во Лигата на шампионите на Ерик Тен Хаг му донесе интерес од неколку големи екипи.

Баерн Минхен, Барселона и Челзи се меѓу имињата кои се поврзаа со 49-годишниот холандски стратег кој одби секаква можност да си замине од „Јохан Кројф Арена“ ова лето.

„Тоа што го поврзуваат моето име со екипи како Барса, Баерн и Челзи е позитивна работа, но јас сум среќен тука во Ајакс. Имам уште неколку години од мојот договор и тоа нема да го промени ниту една понуда од надвор.

Не размислувам за заминување, туку на иднината на овој клуб. Тешко ќе биде да ги задржиме сите млади играчи, но ќе работиме за да најдеме нивни соодветни замени“, вели тренерот на „копјаниците“.

Младите фудбалери на Ајакс беа елиминирани во полуфиналето на Лигата на шампионите од Тотенхем, а во домашниот шампионат се блиску до нова титула.