ВИДЕО: Телохранителот на Меси во полн-трк влета на терен, но пак задоцни

Интер Мајами на гости го победи Спортинг Канзас Сити со 2-3 благодарение на уште една одлична партија на Лионел Меси. Во центарот на вниманието на крајот од мечот беше и неговиот телохранител, кој за време на мечот истрча на теренот кога виде дека еден од навивачите се упатува во правец на Меси.

Речиси на секој натпревар барем еден од навивачите успева да истрча на теренот за да се обиде да дојде до Меси и да направи фотографија за паметење. Иако Меси го ангажираше телохранителот Јасин Чеук по неговото пристигнување во Мајами, јасно е дека дури и тој не може да ги спречи сите навивачи кои секој пат трчаат на теренот за да стигнат до Аргентинецот.

Така беше и на натпреварот во Канзас. Телохранителот на Меси веднаш истрча на теренот кога го виде навивачот како трча кон Меси, но тој успеа да направи фотографија пред Јасин да стигне до него.