„Телеграф“ тврди: Поради беспарицата Жуниор го напушта Вардар и се сели во Партизан!?

Македонскиот фудбалски шампион Вардар, би можел да остане без својата прва опција на левата бековска позиција, откако Леовигилдо Жуниор Реис Родригез е многу блиску до преселба во српскиот гигант Партизан. 

Како што ексклузивно открива српски „Телеграф“, 24-годишниот Бразилец е на сам чекор до потпишување на договор со „црно-белите“ од Белград. Според истиот медиум Жуниор во Партизан ќе пристигне како слободен играч, иако имаш уште шест месеци од договорот со Вардар. Наводно, поради неисплатени плати побарал раскинување на договорот. 

Жуниор го засили Вардар во јануарскиот преоден рок и потпиша договор на една година. Претходно настапуваше за Македонија Ѓорче Петров. 

Вардар остана без Европа заради недобивањето на лиценца и на негово место Македонија ЃП ќе игра во Лига Европа.