Технички проблем го врати авионот на фудбалерите во Истанбул

Фудбалската репрезентација на Македонија кратко по полетувањето од аеродромот во Истанбул се врати на писта, причина е технички проблем на авионот.

Дваесетина минути по полетувањето од аеродромот во Истанбул, пилотот побарал да се врати назад и му било одобрено. Се работи за мал технички проблем, безбедноста на патниците не е нарушена или загрозена.

Во моментов, чартерот на Фудбалската федерација на Македонија е на аеродромот во Истанбул, но набрзо се очекува да полета назад кон Скопје.