Тедеско ја плати цената на лошата сезона, легендарниот Стевенс на чело на Шалке

Доменико Тедеско ја плати цената на лошата сезона со Шалке 04 и по поразот со 7-0 на гостувањето кај Манчестер Сити очекувано заработи отказно решение од редовите на германскиот тим.  

33-годишниот Доменико Тедеско уште на крајот на ланската година беше под голем притисок поради променливата сезона, а учеството во осминафиналето на ЛШ го одржуваше во живот. Сепак, по срамна елиминација од англискиот шампион и двата порази од 2-3 и 0-7, резделбата беше неопходна. 

Раководството на Шалке веднаш реагираше и за привремен тренер го назначи легендарниот Холанѓанец Хуб Стевенс, со кого заедно го минаа најголемиот европски успех -  освојувањето на Купот на УЕФА во 1997 година. 

За Стивенс ова ќе биде третпат како ќе го предводи тимот од Гелзенкирхен, по 1996 до 2002 и  2011/2012.