Тедеско: Бевме одлични во сè, незадоволен сум само од резултатот

Како и на Светското првенство во Катар, Белгија лошо го почна и шампионатот на Европа, откако попладнево во Франкфурт загуби од Словачка со 1-0.

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Доменико Тедеско, и покрај поразот од Словачка не е незадоволен. Тој смета дека Белгија одиграла добар натпревар и жали за пропуштените прилики.

„Нема многу работи за кои би можел да се пожалам на мојот тим. Единствено што не беше добро беа пропуштените прилики, бидејќи имавме многу, многу изразити шанси. Не сакам да го вперам прстот кон никого, бидете сигурни дека ќе разговараме, но внатре меѓу нас, не преку медиумите.

Очигледно е дека момците се разочарани, но важно е да се извлече поука од овој пораз. Секогаш велев дека нашата група е тешка и дека не треба однапред да се радуваме дека ќе ја поминеме“, рече белгискиот селектор Тедеско.

Во истата група Романија попладнево во Минхен ја победи Украина со 3-0. 

Состави

Доменико Тедеско

4-2-3-1

    Франческо Калцона

    4-3-3