Тебас пак „удри“ по Барса: Фановите треба да се загрижени, потребни се објаснувања

Првиот човек на шпанската лига, Хавиер Тебас повторно ѝ се заканува на Барселона. Омразената фигура на каталонскиот гигант ги предупреди Жоан Лапорта и клубот од „Камп Ноу“ дека треба да бидат многу загрижени за сè што се случува.

Хавиер Тебас е жесток критичар на управата на каталонскиот клуб, а критиките сè уште посилни по бројните скандали во кои се најде Барса претходните денови. Ова особено се однесува на „Случајот Негреира“ за плаќање на судиите. Барса е во сериозни проблеми, а Тебас ужива во маките на гигантот.

„Сè уште не ми е јасно зошто Лапорта не дава никакви објаснувања. Барса треба да биде загрижена“, изјави Тебас.

Се испостави дека токму Тебас решил да ја пријави Барселона во Европската фудбалска федерација (УЕФА). Поради ова против каталонскиот клуб е покрената истрага која може да се соочи со сериозни последици.

„Случајот Негреира ме држи буден ноќе. Тоа е сериозен проблем за угледот и интегритетот на лигата. Вакво нешто не се случило во историјата. Не спијам поради овој проблем. Велат дека се мирни пред навивачите. Сепак, потребни се објаснувања. Треба да се загрижени, да дадат одредени причини за ова што се случува. Не смеат да бидат толку мирни за сè“, изјави Тебас.

Првиот човек на шпанската лига пред неколку недели призна дека е навивач на Реал Мадрид.