• Горан Упале

Синоќа, селекцијата на Грузија се избори за големо финале во првата сезона на Лигата на нации. Во првото полуфинале од лигата Д, во Тбилиси падна селекцијата на Белорусија со минимални 0-1, па Грузија ќе ја пречека Македонија во големото финале на 12 ноември.
Дека оваа победа над Белорусија е историска за Грузијците говори фактот што синоќа Тбилиси „гореше“. Улиците беа полни со фудбалски фанови кои со скандирања, факли и пиротахничко шоу го поздравија големиот успех на избраниците на Вајс.
- Атмосферата во Тбилиси по победата над Белорусија:
Пред еден месец Македонија гостуваше кај Грузија (во рамки од втората сезона на ЛН) и одигра 1-1, додека за три дена овие две селекции повторно ќе се сретнат во Скопје.