Тажна вест од Србија: Почина Горан Буњевчевиќ!

Синоќа во Србија на 45-годишна возраст почина Горан Буњевчевиќ, поранешен фудбалер на српската репрезентација и актуелен спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Буњевчевиќ на 19 мај оваа година итно беше пренесен во болница, а потоа и опериран поради пукање на анеуризмата, а од тогаш беше во тешка здравствена состојба.

Својата кариера ја започна во Графичар, а потоа играше и во Рад, Црвена Звезда, Тотенхем и Ден Хаг. Професионална кариера ја заврши во 2007 година, а краток период потоа беше и спортски директор на Црвена Звезда.

За репрезентацијата на Југославија дебитираше во 1998 година на пријателскиот натпревар против Израел, а последниот 16-ти натпревар го одигра против Велс во 2003 година. Од 2016 година ја извршуваше и функцијата спортски директор на ФСС.