Тажна слика на „Сан Сиро“: Играч на Милан од клубот се прости сам (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалер Џакомо Бонавентура го одигра последниот натпревар за Милан и по триумфот против Каљари (3-0) имаше еден тажен момент, кога сам се прости од клубот.

Договорот на Бонавентура со „росонерите“ истече, а управата нема да му понуди нов. Заминувањето од Милан на Италијанецот му падна доста тешко, па тој стоеше сам на средината на теренот.

На трибините немаше навивачи да го поздрават и да му дадат аплауз за се што направи во дресот на славниот италијански клуб.

Бонавентура во Милан ги мина последните шест сезони.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.