ФОТО: Тажна глетка - Расплакано момче се сеќава на убавите моменти минати на стадионот на Чапекоенсе!

Веста за авионската несреќа во која загина скоро целиот тим и експедицијата на бразилскиот Чапекоенсе, сè уште е носечка тема низ бразилските, па и низ светските медиуми. 

Во последните неколку години, овој мал клуб со труд успеа од четврта лига да заигра во елитата на бразилскиот фудбал, а на полните трибини и еуфоричните моменти од тоа време со солзи на очите се потсети нивниот фан, свесен за загубата што се случи денес. 

Меѓу разните информации за немилиот настан кои кружат на интернет, оваа фотографија на која младото момче се простува со своите идоли, ќе вe допре до срцето.