Тажен крај на клубот на Зидан – култниот Бордо започна процес на згаснување!

Францускиот фудбалски клуб Бордо престана да постои, поточно го загуби статусот на професионален клуб уште пред судот да ја донесе конечната одлука за случајот „Жирондини“.

Раководството на клубот реши да се откаже од професионалниот статус кој клубот го имаше од 1937 година. Поради тоа ќе бидат раскинати договорите со сите играчи, а ќе биде затворен и тренинг центарот на клубот. Ова значи и крај на ерата на „жирондинците“, кои не го ни чекаа рочиштето пред Стопанскиот суд, кој требаше да одлучи дали ќе прогласи ликвидација или банкрот. Самиот клуб ја извести Француската фудбалска федерација за нивната одлука повеќе да не биде професионален клуб.

Клубот, чиј дрес некогаш го носеше еден од најголемите француски играчи на сите времиња, Зинедин Зидан, првично беше исфрлен од Националната лига, тоа е третото ниво на францускиот фудбал, поради наталожени долгови.

Бордо, сепак, нема да игра таму ниту следната сезона. Долговите пораснаа на 40 милиони евра, од кои само побарувањата на поранешните играчи, тренери и членови на стручниот штаб достигнаа 25 милиони.