Таткото на Шчесни со скандалозни обвинувања до полскиот селектор

Аркадиуш Река

Мачеј Шчесни, таткото на голманот на Јувентус и репрезентацијата на Полска, Војчех, даде скандалозна изјава по мечот против Летонија во квалификациите за Европското првенство 2020.

Тој вели дека постои сомнеж во изборот на играчи на селекторот Јуржиј Бженчек за овој натпревар.

„Забележав интересен податок пред мечот против Летонија. Екипата на Аталанта ќе мора да му исплати 500.000 евра на Висла Плок доколку младиот Аркадиуш Река одигра пет меча во националниот дрес на Полска. Со оглед на тоа што селекторот Бженчек порано беше на чело на клубот, постои сомнеж дека намерно го става Река во првиот тим, иако има мала минутажа во својот клуб. Очекувам од надлежните институции, од селекторот и од играчите да реагираат“ , рече таткото на познатиот голман.

Веднаш пристигна и одговорот од селекторот на полската репрезентација:

„Ова е само мислење на господинот Шчесни кои ги демантирам, бидејќи јас не знам за клаузулите во договорите на моите играчи. Мене само ми требаше фудбалер кој игра на левата страна и е опасен со лева нога“.

Ваквата хаотична ситуација меѓу Полјаците би можела да и донесе убави вести на Македонија, која на 7 јуни ќе биде домаќин во меѓусебниот дуел во Скопје.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 1 2 2 0 0 3:0 3 6
2 ИзраелИзраел 1 2 1 1 0 5:3 2 4
3 МакедонијаМакедонија 2 2 1 1 0 4:2 2 4
4 СловенијаСловенија 1 2 0 2 0 2:2 0 2
5 АвстријаАвстрија 2 0 0 2 2:5 -3 0
6 ЛетонијаЛетонија 2 0 0 2 1:5 -4 0