Таткото на Халанд објасни зошто неговиот син замина во Дортмунд, наместо во Манчестер

Халанд Јунајтед

Алфе Инге Халанд, таткото на сензацијата Ерлинг Халанд, отворено зборуваше за одлуката на неговиот син да се пресели во екипата на Борусија Дротмунд.

Норвешкиот напаѓач го замени Салцбург со тимот од Бундеслигата, но беше блиску да се пресели во Манчестер Јунајтед. Сепак, желбата за соработка на неговиот сонародник Оле Гунар Солскјер не беше доволна за младиот талент.

„Не знаеме како ќе се адаптираше во друга екипа. Јас лично мислам дека немаше да има проблем. Никогаш нема да го дознаеме одговорот на тоа прашање. Среќни сме со одлуката.

Мора да се одлучите за клубот кој ве сака, не само за тренерот. Токму поради тоа следниот чекор во кариерата го насочи кон Дортмунд“, изјави таткото на норвешкиот репрезентативец.

Феноменалниот старт на кариерата во Борусија за Халанд му донесе 12 гола на 11 натпревари. Тоа целосно ги оправда и ги надмина очекувањата на екипата, која направи вистинско потег со неговиот ангажман.

„Милионерите“ ќе имаат голем предизвик да го задржат во тимот, со оглед на интересот на екипи како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.