• Горан Упале
Реал Мадрид пред неколку дека го претстави големиот бразилски талент Ендрик. На презентацијата на „Сантијаго Бернабе“, меѓу 40.000 луѓе, беа неговите родители и неговата девојка. Но, посебни емоции предизвика кога Ендрик ги виде своите родители.
„Го исполнив мојот сон, но и сонот на моето семејство. Овoj потпис е за нив!“, изјави фудбалерот.
Ендрик плачеше на бината, а неговиот татко и мајка исто така беа во солзи додека седеа во првите редови. Подоцна, таткото, кој и самиот бил фудбалер, даде шокантна изјава.
„Се сеќавам еден ден кога Ендрик беше дете. Тој ми побара нешто да јаде и ми рече: „Тато, многу сум гладен“. Седнав на каучот, погледнав во кујната и фрижидерот. Немав што да му дадам да јаде. Му реков: „Ендрик, синко, немаме ништо“.
И двајцата почнавме да плачеме.
Потоа ме прегрна, плачејќи, и ми рече да не се грижам, бидејќи ќе стане фудбалер и ќе нè извлече од овие проблеми“, вели таткото на младиот напаѓач.
Ендрик своето деби во дресот на Реал може да го има на 14 август во Варшава во натпреварот од Суперкупот на УЕФА против освојувачот на Лига Европа, Аталанта, додека на 18 август „кралскиот“ клуб ќе се соочи со Мајорка во првото коло на Примера.