Таткото на Агуеро: Пеп е голем глумец, неговите солзи беа лажни

По десет години и многу голови и трофеи, Серхио Агуеро се раздели со Манчестер Сити и се врати од таму каде што дојде – шпанска Примера.

Искусниот напаѓач е еден од најомилените ликови на „граѓаните“, па затоа нивната разделба беше доста емотивна. Сепак, неговиот татко, Леонел Ел Кастиљо го обвини менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола дека глумел кога плачеше по прошталниот натпревар на неговиот син во светло синиот дрес на „граѓаните“.

„Гвардиола тогаш со солзи во очите рече дека Агуеро е незаменлив и дека сите во клубот многу го сакаат. Со тоа покажа само дека е добар актер. Не верувам во неговите солзи. Не, не верувам во тоа. За мене, тој никогаш не го сакаше Агуеро во својот тим.

Пеп сака секогаш да биде во центарот на вниманието и солзите без само поради камерите“, рече таткото на Агуеро. 

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити својата кариера ќе ја продолжи во Барселона, со која потпиша договор на две сезони.