Тасевски се врати да биде асистент во Левски, дојде тренер од Шпанија

Некогашниот македонски репрезентативец, а сегашен тренер, Дарко Тасевски, ќе остане дел од бугарски Левски Софија во иднина како асистент-тренер.

Тасевски ги почна подготовките со екипата, но сините од Софија брзо најдоа нов прв тренер по разделбата со Генчев. Хулио Веласкес, 43-годишен стратег од Шпанија, ќе го води славниот бугарски клуб.

Тасевски останува во стручниот штаб како асистент, а заедно со него ќе биде и Фернандо Гаспар Лаборие кој доаѓа по препорака на Шпанецот.

Левски до крајот на сезоната го чека борба за место во еврокуповите преку бугарската лига.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.