Тасевски пристигна во Анталија и се договори со Славија Софија

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски кариерата ќе ја продолжи во Бугарија каде ќе го носи дресот на Славија Софија.

Тасевски , кој има 34 години, по пет години си замина од Тајланд, а наредна станица ќе му биде бугарскиот шампионат. Македонецот веќе се договорил за личните услови со Славија Софија и веќе е во Анталија, каде ќе почне да тренира со тимот.

Првиот тренинг во новата средина Тасевски ќе го има утре. Славија Софија и Тасевски официјално ќе парафираат по крајот на подготовките, на 5 февруари.

Тасевски на Тајланд покрај за Кон Каен играше уште и за Суфанбури и Бангкок Глас, а претходно беше дел од израелска Шмона, бугарски Левски, украински Металург Запорожје, како и македонските тимови Вардар и Цементарница 55.

За репрезентацијата на Македонија, Тасевски има одиграно 43 меча.